коприва | ж.

Тревесто растение со ресички по лисјата и стеблото што ја дразнат кожата при допир; Urtica dioica. Пита од коприви. Ја журкаат нозете од копривите.

копривак | м.

Место обраснато со коприви. Козите ги обрстиле сите коприваци.

копривалник | м.

Зелник со коприви. Меси копривалник.

копривар | м.

Тој што бере или што сака да јаде коприви.

копривен | прид.

Што се однесува на коприва.

копривка | ж.

Декоративно растени со листови што личат на оние од копривата со тоа што се многу пошарени и не журкаат; Coleus hybridus.