копринен | прид.

копродукција | ж.

Заедничко производство, соработка на два или повеќе партнери во инвестициски проекти или во производство на стоки за пазарот (обично во производството на филмови).

Копт | м.

Припадник на етничка група во Египет.

коптиса | св.

Почне да се кара. Коптиса со неа.

копук | м.

Гол сиромав. Селски копуци.

копула | ж.

Помошен или друг глагол што ги сврзува подметот и именскиот прирок во реченицата; врска.

копулативен | прид.

Што е составувачки, сврзувачки. Копулативен сврзник.

копчар | м.

Тој што прави копчиња. Копчарот направи кадифени копчиња.