копче | ср.

Дем. од копец.

копјаник | м.

Војник вооружен со копје. Ги гледаше копјаниците пред јуриш.

копје | ср.

(истор.) Оружје во форма на долг метален или дрвен стап со шилец на едниот крај. Прободен од копје. Се бори со копје.

копјеносец | м.

Тој што носи копје. Копјеносците нападнаа со копјата.

копјест | прид.

Што наликува на копје. Копјеста ограда. Копјести гранки.

кор | м.

Заедница на определен круг луѓе од некаква специјалност или службена позиција. Дипломатски кор. Офицерски кор.

кора | ж.

Надворешна обвивка на дрво што ја штити беловината. Ја засече кората на брезата.

кораб | м.

Голем брод со платна.