кордон | м.
Пограничен или заштитен одред војска или полиција верижно распореден.
коректен | прид.
Правилен, точен, беспрекорен. Коректен литературен јазик.
коректив | м.
Тоа што поправа, дотерува; тоа што подобрува, што усовршува. Корективни вежби.
коректор | м.
Тоа што прави корекција, коректура на нешто во техниката, во козметиката и сл.
коректура | ж.
Работа на коректор. Цел работен век прави коректура во печатницата.
коректурен | прид.
Што се однесува на коректура. Коректурен лак.
корекција | ж.
Поправка, исправка; измена заради подобрување на нешто. Направи извесни корекции на делото. Корекција во планот за работа.
корелат | м.
Поим што е заемно поврзан со друг поим (на пр. причина и последица). Платата не е секогаш корелат на работата.
корелативен | прид.
Што е во корелација, во заемен однос со друг; соодносен.
корелација | ж.
Заемен однос; заемна зависност, поврзаност; сооднос. Наставата е во тесна корелација со практиката.