корен | м.
Подземниот дел на растението со чија помош стои прицврстено и извлекува хранливи материи и вода, неопходни за него. Дрвото има развиен корен. Розата пуштила длабоки корења.
коренест | прид.
Што има развиен корен.
коренит | прид.
Што се однесува на основата, на суштината; темелен, радикален. Коренити промени.
коренов | прид.
Што припаѓа на корен, што се однесува на корен. Коренов систем на растенијата. Коренови влакненца.
кореноплод | м.
Коренест зеленчук, чијшто корен се јаде. Кореноплодот на репката, морковот и целерот се подготвува како салата во исхраната.
кореноплоден | прид.
Што се однесува на кореноплод. Кореноплоден зеленчук.
коренува | несв.
Вади корен од некој број;
коренушка | ж.
Лупеше коренушки од зелка и ги јадеше.
кореограф | м.
Уметник што се занимава со кореографија. Балетски кореограф.
кореографија | ж.
Опишување на танцовите движења со помош на посебни знаци, наменето за танчарите.