корепетитор | м.
Учител што го повторува со ученици во интернат материјалот што е предаван.
корепетиција | ж.
Повторување и вежбање во музичката настава и во подготовката за сценски настап.
кореспондент | м.
Тој што врши, што води кореспонденција. Работеше како кореспондент во банката.
кореспонденција | ж.
Размена на писма меѓу две лица или установи; преписка. Започна кореспонденција меѓу двете библиотеки.
кореспондира | несв.
Пишува писма и одговара на нив; се допишува. По цел ден кореспондира со читателската публика.
кореферат | м.
Дополнителен реферат; спореден извештај. Ќе се чита главниот реферат со корефератите.
кореферент | м.
Тој што поднесува кореферат; спореден известувач.
Кореја | ж.
Корејски Полуостров | м.
Полуостров во Азија.
Корзика | ж.
Француски остров во Средоземно Море.