корзира се | несв.
Се шета по корзо. Секој ден се корзира по плоштадот.
корзо | ср.
Место во градот каде што се собираат шетачи во одредено време; шеталиште. Девојката ја познавам од корзото. Младите се шетаа прегрнати на корзо.
кори | несв.
Опоменува некого, изразува незадоволство; кара. Учителката благо ги опоменува и ги кори.
коригира | св. и несв.
Поправи, поправа грешка воопшто. Ги коригира сопствените заблуди.
коригиран | прид.
Што е поправен. Коригиран текст.
корида | ж.
Борба со бикови пред публика во Шпанија и во некои земји на Јужна Америка.
коридор | м.
Ходник што спојува некои делови на куќа или зграда. Болнички коридор. Училишни коридори.
корил | м.
Дел од народна носија, јака. Везен корил.
коринка | ж.
Ги топи сувите коринки во врела вода.
Коринт | м.
Антички град-држава; град во денешна Грција.