корисен | прид.

Што носи некаква корист, што носи некаква добивка; штетен.

корисник | м.

Тој што има корист од нешто, тој што употребува, што користи нешто. Тој е корисник на банкарските услуги. Корисниците на овој компјутер имаат големи можности. Корисник на пензија.

корист | ж.

Поволна последица, поволен резултат. Имаше голема корист од училиштето.

користи | несв.

Е од корист; помага. Камионот користеше за превоз на дрвата.

користољубец | м.

Тој што е користољубив. Користољубецот ништо не работи бесплатно.

користољубив | прид.

Што е склон од сѐ да извлече материјална добивка или некоја друга корист. Користољубив човек.

коритар | м.

Тој што прави корита, рачно изработени од дрво или од лим.

коритница | ж.

(арх.) Плиток, дрвен сандак наполнет со песок, по којшто пишувале учениците.

корито | ср.

Длабок издолжен сад од дрво, лим или пластика што се користи за перење, капење или за хранење добиток. Го искапав бебето во коритото.