корифеј | м.
Водач на корот кај старите Грци.
корица | ж.
Надворешна заштита на книга, првиот и последниот лист, направени од подебела хартија, картон и др. Книга со луксузни корици. Предна корица.
коричи | несв.
Става корици на книга. Зеде да ја коричи збирката поезија.
коричка | ж.
корија | ж.
Шума со високи дрвја, гора. Собира печурки во коријата над селото. Пресекоа дрво од коријата.
коријандер | м.
Едногодишна ароматична билка со округли плодови во вид на зрнца, се користи како зачин; Coriandrum sativum L.
корка | несв.
Стравува, се плаши. Му корка!
корка | ж.
Надворешниот, тврдиот дел на лебот; кора. Тврда корка леб. 'Ржена корка леб.
коркар | м.
Коркари, вака ли ќе се бориме?
коркач | м.
Тој што е плашлив; страшливец. Брат ми никогаш не бил коркач.