косач 2 | м.

Дел од самар.

косачка | ж.

косач1 Косачките беа попргави од косачите.

косеканс | м.

Тригонометриска функција што значи однос меѓу хипотенузата и спротивната катета во правоаголен триаголник; реципрочна вредност од синус.

косел | м.

Сулфур.

косеница | ж.

Место со трева за косење. Влегоа со косите во косеницата.

косест | прид.

Што е со долга коса, што е обраснат со влакна. Ги дочекаа некои забрадени и косести луѓе. Ги чешкаше косестите гради.

коси 1 | несв.

Сече трева, жито и сл. со коса или со косилка. Коси жито. Коси трева.

коси 2 | несв.

Се грижи; се јадосува. Си ја коси душата.