косидба | ж.

Косење трева или жито. Селаните ја свршија косидбата.

косилен | м.

Лековита трева во вид на мала елкичка, коњско опавче, раставиче; Equisetum hiemale.

косилка | ж.

Машина за косење трева.

косило | ср.

Рачка од коса за косидба. Ја намести косата на косилото.

косина | ж.

Навалена површина од нешто; падина, навалена страна. Спие под косината на шаторот. Беше капната од искачувањето по косините.

косинус | м.

Тригонометриска функција што значи однос на налегнатата катета спрема хипотенузата во правоаголен триаголник; реципрочна вредност од секанс.

косинусен | прид.

Што се однесува на косинус. Косинусно правило.

косир | м.

Голем срповиден градинарски нож за сечење лози, гранки и сл.; сор. Со косир заострува колје.

косица | ж.

Дем. од коса2. Плетенка. Мајка ми ми плетеше косици од страната.