косичник | м.
Женски накит од волнени плетенки со зашиени сребрени пари.
косиште | ср.
Окосено место, ливада, нива. Го изора косиштето.
коска | ж.
Одделен тврд дел од скелетот на човек или на животно. Клучна коска. Коски на главата.
коскарница | ж.
коскен | прид.
Што се однесува на коска; што е направен од коска, што се добива од коска. Коскено ткиво. Коскен чешел. Коскена срж.
коскест | прид.
ковчест. Коскести раце.
косма | ж.
Влакно. Се направи наслојка не подебела од косма.
космат | прид.
Што е обраснат со влакна. Космат старец.
космест | прид.
косми | несв.
Стриже новороденче. Го косми детето.