калкан | м.

(зоол.) Вид риба; Plevronectes.

калкира | св. и несв.

Пренесе, пренесува зборови или изрази од еден јазик во друг со буквален превод.

калкулатор | м.

Тој што прави пресметки, што калкулира; сметководител.

калкулација | ж.

Пресметка, претсметка на производствена, набавна, продажна и сл. цена на некој производ, услуга и др.

калкулира | св. и несв.

Пресмета, смета; направи, прави пресметка. Банката мора да калкулира со профити.

Калкута | ж.

Град во Индија.

каллив | прид.

Што е со кал, што содржи кал. Каллива улица. Одеа по калливиот снег. Калливи чизми.

калник | м.

За возило (автомобил, велосипед и сл.) – делот над тркалата што штити од кал.

кало | ср.

За стока – губиток, загуба во тежина или во количество, поради сушење, испарување, транспорт и сл.

каловина | ж.

Талог што се собира на дното на садот во кој се чуваат течности, вино и сл.