каловит | прид.
калодонт | м.
Паста за заби (според фабричкото име на тој производ). Реклама за калодонт.
калорија | ж.
(физ.) Стара единица за количество топлина, енергија еднаква на потребната топлина 1 грам вода да се загрее на 1 степен Целзиусов.
калориметар | м.
Направа за мерење на количество развиена, апсорбирана или пренесена топлина.
калорифер | м.
Електрична греалка за загревање на воздухот.
калоричен | прид.
Што се однесува на калорија, што се изразува во калории.
калофер | м.
Мирисливо, украсно растение што се употребува во медицината и како зачин; Balsamita vulgaris.
калоша | ж.
Вид гумена обувка за заштита на чевлите од влага и кал.
калпак | м.
(истор.) Вид свечена капа од крзно, опшиена со чоја, свила или кадифе и украсена со перја, златни синџири и сл. (како дел од униформа или народна носија). На црниот калпак му се вие висок пердув.
калпакчија | м.
Тој што изработува калпаци.