костен | м.
Дрво од фамилијата буки со широка разгранета крошна. Костен самотник.
костенав | прид.
костенар | м.
Тој што пече и продава костени. Костенарот продаваше на студот.
костенарија | ж.
Шума со костенови дрвја.
костенлив | прид.
Што има боја на костен. Костенлива коса. Костенливи очи.
костенов | прид.
Што припаѓа на костен, што е од костен. Костенови дрвја. Костенови лушпи.
костенџија | м.
костец | м.
Борба, борење. Главните борачи се фатија во костец.
костим | м.
Дводелна женска облека, составена од кусо палто и здолниште или панталони од иста ткаенина. Свилен костим. Секојдневен костим.
костимира | св. и несв.
Облече, облекува некого во артистички костим. Ги костимираа децата во покладни маски.