костимиран | прид.

Што е облечен во артистички костим или во маска.

костимограф | м.

Сликар, креатор на костими за театар, филм и сл. Костимографот ја збогати атмосферата на кабарето.

костимографија | ж.

Уметност на креирање и на правење на костими за театар, филм и сл.

костобол | м.

Болест на коските и на зглобовите предизвикана од лош метаболизам и таложење мочна киселина во ткивото. Сонцето беше лек за нејзиниот костобол.

кострец | м.

Вид речна риба тврдоперка; Acerina cernna. Лови кострец со јадица.

костреши се | несв.

За животни, птици – подига тело, влакна, пердуви. Перјата му се кострешеа.

кострушина | ж.

Кожа од некои животни со остри влакна.

костум | м.

Дводелна машка облека, составена од кусо палто и панталони од иста ткаенина. Свадбен костум. Волнен костум.

костур | м.

Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело; скелет.