котва | ж.

Железно орудие со свиткани краци што се спушта со синџир на дното за да го држи бродот на одредено место; сидро.

коте | ср.

Маче – само во изразот: Нема ни дете, ни коте – нема никој, сам е на светот.

котел | м.

Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување. Виси котелот над огништето.

котелец | м.

Јамка при плетење и јамка на плетен предмет. Се испуштил котелец од фанелата. Го заплете првиот котелец.

котерија | ж.

Тесно поврзан круг луѓе (обично од иста професија) што се изделува со своето однесување и дејствување во развиеното граѓанско општество, наложувајќи ги своите интереси; клика.

котец | м.

Заградено место за фаќање риби.

коти | несв.

За зајаци, глувци и други животни – донесува пород на свет. Зајачицата коти по неколку зајачиња.

котиледон | м.

Никулец од кој 'рти растението.

котилиште | ср.

Место каде што се котат животните. Во котилиштето имаше неколку скотни зајачици.

котило | ср.

Место каде што се котат животните. Од визбата направија котило за глувци.