котира | св. и несв.
Има определена цена на берза. Златото се котира високо на берзата.
котка | ж.
(дијал.) Мачка.
котка | несв.
Гали дете; милува.
котлар | м.
Занаетчија што прави, поправа и продава котли; казанџија.
котларница | ж.
Просторија, место каде што се наоѓаат парните котли. Оваа котларница имаше најголеми котли.
котле | ср.
котленце | ср.
котлест | прид.
Што е во форма на котел; што наликува на котел. Котлеста долина.
котлет | м.
Во кулинарството – ребренце со месо. Свински котлет. Телешки котлет.
котлина | ж.
Рамнина опкружена со планини (обично покрај река). По текот на реката се простира плодоносна котлина.