котлоса | св.
Одбие некого, понижи.
Котор | м.
Приморски град во Црна Гора.
котрр | изв.
За дотерување на добитокот во котарот.
котрул | м.
Бујна нечешлана коса.
кофа | ж.
Метален или пластичен сад, обично без капак, со полукружна рачка, што служи за пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар и др. Околу бунарот немаше никаква кофа.
кофеин | м.
Стимулативна состојка, во мали количества, што се наоѓа во кафето, чајот и некои други растенија, која во големи количества дејствува штетно. Кофеинот од кафето го држи буден цела ноќ.
кохезионен | прид.
Што се однесува на кохезија; што предизвикува привлечност, да се привлекува едно нешто со друго. Кохезиона сила.
кохезија | ж.
(хем.) Привлечна сила меѓу молекулите на едно тело.
кохерентен | прид.
Што се држи заедно; меѓусебно поврзан. Кохерентна целина. Кохерентна збирка.
кохеренција | ж.
Меѓусебна поврзаност; сврзаност, споеност. Ја оценуваме кохеренцијата во делото.