калуѓер | м.
Лице што припаѓа на црковен ред и живее во манастир; тој што се замонашил, монах. Вие знаете дека во манастирот има еден калуѓер.
калуѓери | несв.
Воведува во калуѓерски ред; замонашува.
калуѓерица | ж.
калуѓерка_1
калуѓерка | ж.
Жена калуѓер; монахиња.
калфа | м.
Помошник на трговец или занаетчија што го има поминато чирачкиот стаж и што има положено калфински испит. Кројачки калфа. Трговски калфи.
калфува | несв.
Работи како калфа, е калфа.
калца | ж.
калциум | м.
Хемиски елемент, сребренобел метал, распространет во многу соединенија во природата и неопходен за развој на сите живи суштества; симбол Ca. Недостатокот на калциум кај човекот предизвикува рахитис.
калциумов | прид.
Што се однесува на калциум, што содржи калциум. Калциумов фосфат. Калциумова сол.
калцификација | ж.
Додавање калциум во почвата заради промена на нејзините агрохемиски својства, ѓубрење со калциумово, варовно ѓубре. Кацификација се врши за подобрување на својствата на почвата.