калцун | м.
калчина | ж.
калчун | м.
кама | ж.
Краток нож со сечила од двете страни, бодеж; краток остар нож воопшто. Надена на коланот по два пиштола и по една кама.
камара | ж.
Вдлабнатина, долап во ѕидот, во вид на прозорец за ставање на ситни работи. Го зеде пагурчето од камарата и се напи ракија.
камарила | ж.
Дворска група, клика која преку интриги влијае врз државните работи во своја корист. Дворска камарила. Политичка камарила.
камата | ж.
Добивка што се прима за позајмени или вложени пари; интерес. Парите ќе ги врати во најскоро време со голема камата.
каматар | м.
каматен | прид.
Што се однесува на камата. Каматна сметка. Каматна стапка.
каматник | м.
Тој што дава пари на заем со камата.