Крањ | м.
Град во Словенија.
крап | м.
Слатководна риба со тело покриено со јадри крлушки; Cyprinus carpio. Зготви крап на жар. Улови крап од езерото.
крас | м.
краса | ж.
Поради суеверие – име за змија. Го касна краса.
красат | прид.
Што накиселува, киселкав. Красато грозје.
красатка | прид.
Малку кисело, што накиселува.
красен | прид.
Прекрасен, многу убав, сјаен. Красна жена. Красно место.
краси | несв.
Прави да изгледа убаво; дава убав изглед. Секогаш ја краси шапка на главата.
краснопис | м.
Вештина на убаво пишување.
краснописец | м.
Лице што убаво пишува, што го владее краснописот.