краста 2 | ж.
Голо, камено место на рид или планина; голина. Не се пасат овци на краста.
крастав 1 | прид.
Што е болен од краста; крастосан; шугав. Крастави луѓе. Краставо магаре.
крастав 2 | прид.
Што е каменест, соголен; Крастав рид. Крастава нива.
краставица | ж.
Градинарско едногодишно растение со зелени долги месести плодови; Cucumis sativus. Прави салата од краставици.
краставичар | м.
Тој што произведува или што продава краставици.
краставичен | прид.
Што е од краставица, што се однесува на краставица. Краставичен крем за лице. Краставичен сок.
краставост | ж.
Болест кај која се појавуваат красти. Краставоста е стопански најштетна болест.
красте | м.
Тој што е неугледен, потценет. Не е тој красте за ваква мома.
крастоса | св.
Направи нешто да добие краста. Од немиење ги крастоса рацете.
крастун | м.
Вид даб. На планината виреат крастуни.