краставичен | прид.

Што е од краставица, што се однесува на краставица. Краставичен крем за лице. Краставичен сок.

краставост | ж.

Болест кај која се појавуваат красти. Краставоста е стопански најштетна болест.

красте | м.

Тој што е неугледен, потценет. Не е тој красте за ваква мома.

крастоса | св.

Направи нешто да добие краста. Од немиење ги крастоса рацете.

крастун | м.

Вид даб. На планината виреат крастуни.

кратер | м.

Отвор на врвот на вулкан низ кој излегува лава.

крати | несв.

куси. Го крати капутот.

кратко- | претс.

Како прв дел од сложенки значи дека тоа што е именувано со вториот дел е кратко: кратковечен, краткотраен;

кратковечен | прид.

Кратковечна младост.