кревач | м.
кревет | м.
Дел од мебелот што служи за спиење; легло. Брачен кревет. Железен кревет. Војнички кревет.
креветен | прид.
кревок | прид.
За растение – лесно кршлив, свеж, сочен. Кревки гранки. Кревка зелка.
креда | ж.
Вид бел, мек варовник што се користи во индустријата; калциев карбонат.
креден | прид.
Што се однесува на креда, што е од креда. Кредна прашина.
креденец | м.
Орман наменет за кујна, за трпезарија. Ги нареди чашите во креденецот.
кредибилен | прид.
Во кој може да се има доверба, што заслужува доверба;
кредибилитет | м.
Особина на тој што има, што заслужува доверба;
кредит | м.
Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата. Краткорочен кредит. Потрошувачки кредит. Станбен кредит.