крепон | м.
Вид памучна ткаенина слична на креп. Кошула од крепон.
крепосник | м.
Крепостен селанец. Големопоседникот беше суров со своите крепосници.
крепосништво | ср.
Општествено уредување во Царска Русија во кое селанецот е прикрепен кон земјата и зависи од господарот.
крепост | ж.
Тврдина, кале. Царот гледаше од ѕидините на крепоста. Војската ја сардиса крепоста.
крепостен | прид.
Што се однесува на крепосништво. Крепостен селанец. Крепосно право.
креска | несв.
За птици – испушта остар, висок и рапав глас. Галебите крескаат.
крескав | прид.
За звук и глас – што е продорен, висок и рапав. Крескав глас.
крескало | ср.
Дете што многу плаче.
креслив | прид.
Кресливи извици.
креснак | м.
Дрвен обрач што се става околу вратот на добиток.