креолец | м.

Термин што означува етнички групи и јазици настанати со мешање на домородното население во прекуокеанските колонии со белите колонијални господари.

креп | м.

Вид тенка свилена или волнена ткаенина со рапава површина. Превез од креп. Фустан од креп.

крепа | ж.

Парче од карпа, камен. Децата си играа со крепи. Седна на високата крепа.

крепдешин | м.

Вид свилена ткаенина од цврсто испредени нитки.

крепжоржет | м.

Свилен жоржет.

крепи | несв.

Потпира, придржува. Го дигнаа и го крепеа болниот во собата.

крепител | м.

Тој што е заштитник, потпора. Крепители на нацијата.

крепне | несв.

Јакнее, зацврснува. Децата раснат и крепнат.

крепок | прид.

Што е физички јак, цврст, силен, здрав. Крепко здравје. Крепки чекори.