кресне | св.

креска.

кресница | ж.

Летна пастрмка во Охридското Езеро.

кресок | м.

Глас на крескање. Кресок го расцепи небото. Се разнесе кресок на сојка.

кретен | м.

(мед.) Лице што е духовно заостанато а физички закржлавено.

кретенест | прид.

Што има особини на кретен; глупав, будалест човек. Кретенест човек.

кретенизам | м.

(мед.) Болест кај која доаѓа до раѓање на лица со умствена заостанатост и физичка закржлавеност; кретен.

кретон | м.

Вид цврста ткаенина за завеси и покривки. Го прекри мебелот со кретон.

креч | м.

грч_2. (дијал.) вар.

кречетало | ср.

Штичка што се удира во воденичкиот камен и лесно го ниша кошот на него, при што паѓаат зрната меѓу камењата и се мелат.

крешчендо | ср.

Постепено засилување на гласот. Патетично крешчендо. Моќно крешчендо.