кривачка | ж.

Многу искривено дрво. Исечи ја кривачкава.

кривда | ж.

Неправедна постапка, неправда; Кривдата го уништи.

кривец | м.

Виновник. Тој не е кривецот за тепачката.

криви | несв.

Прави да биде нешто криво, извиткува. Ги криват играчките.

кривина | ж.

Искривеност, отстапување од правата линија или од рамната површина; нерамнина. Бокал со тркалезни кривини. Старечка кожа со кривини и бразди.

кривичен | прид.

Што е во врска со дела направени против лица и имот. Кривична постапка. Кривично дело. Кривично право.

кривичок | прид.

Што накривува малку при одењето.

кривка | несв.

Криви по малку; накривнува. Бабата кривкаше по патот.

кривне | св.

Сврти, заврти. Ги кривнаа вратовите кон мене. Кривна по сокакот.