криза | ж.

Многу тешка состојба, промена кога се очекува или излез, решавање, или крајно лоши последици. Станбена криза. Политичка криза. Финансиска криза. Владина криза. Воена криза.

кризен | прид.

Што се однесува на криза, што се одликува со криза. Кризно подрачје. Кризна ситуација.

крик | м.

Силен, остар извик (од болка, страв, ужас, од големо изненадување и сл.). Тажен крик. Продорен крик.

крика | несв.

Испушта крикови. Тие силно викаа и крикаа. Испушта остар и непријатен глас (за птица).

криклив | прид.

Што прилега на крик. Тој пребледна и испушти некаков криклив збор.

крикне | св.

Испушти крик, викне гласно. Ранетиот крикна од болка. Таа крикна од страв.

крилат | прид.

Што има крилја. Крилат инсект.

крилатен | прид.

крилатица | ж.

Поговорка што се повторува често во зборувањето; духовит карактеристичен збор или реченица што е во широка употреба.

крилен | прид.

Што се наоѓа, што е распореден на крилата, странично, бочно. Крилните напаѓачи се најопасни.