криптон | м.
Благороден гас што се наоѓа во мали количества во атмосферата. Симбол Kr.
криптоним | м.
Збор што содржи тајна порака; таен збор.
кристал | м.
(геол.) Тврдо тело што има правилен надворешен облик на полиедар. Кристали на морска сол.
кристален | прид.
Што е од кристал. Кристална ваза. Кристални чаши.
кристализација | ж.
Преминување на материјата во кристална состојба.
кристализира | св. и несв.
Стане, станува кристал. Многу минерали при определени услови кристализираат.
кристалографија | ж.
Наука за структурата и за формите на кристалите.
Крит | м.
Грчки остров во Егејското Море.
критериум | м.
Мерило, одлика или својства по кои се оценува, се одлучува или се распоредува нешто. Научен критериум. Естетски критериум. Фонолошки критериум. Тој беше загрижен за вкусот и критериумите на младите.
критизер | м.
Неконструктивен, недобронамерен критичар; зајадливец.