криптограм | м.

Запис напишан со тајно писмо.

криптограф | м.

Тој што пишува со тајно писмо.

криптографија | ж.

Тајно писмо.

криптолог | м.

Тој што се занимава со криптологија.

криптологија | ж.

Наука што ги проучува тајните писма.

криптон | м.

Благороден гас што се наоѓа во мали количества во атмосферата. Симбол Kr.

криптоним | м.

Збор што содржи тајна порака; таен збор.

кристал | м.

(геол.) Тврдо тело што има правилен надворешен облик на полиедар. Кристали на морска сол.

кристален | прид.

Што е од кристал. Кристална ваза. Кристални чаши.

кристализација | ж.

Преминување на материјата во кристална состојба.