крстеница | ж.
Таа што му дава име на новороденото при обредот на крштевање; кума, крсница.
крстениче | ср.
крстест | прид.
крстец | м.
крстење | ср.
Глаголска именка. Правење крстен знак; крсти 3., се крсти 2. а) Добива име. б) Станува христијанин; крштавање.
крсти | ж.
Литија, опход (обично во време на суша)
крсти | св. и несв.
Изврши, врши верски обред, при што тој што се крштава добива име и се воведува во христијанската вера. В недела ќе си го крстат детето.
крстилница | ж.
Сад со светена вода во која се врши крштавање.
крстина | ж.
крст 4.
крстица | ж.
Куп од неколку снопови жито наредени накрсно еден преку друг. Се редеа последните крстици. Жетварот редеше крстици од снопје.