крстобол | м.

Болка во крстот; болест на крстот. Го фати крстоболот и го фрли в постела.

Крстовден | м.

Христијански празник на 27 септември (нов стил) во чест на светиот Христов крст.

крстовиден | прид.

Што има форма на крст;

крстозборка | ж.

Вид енигматска творба во која на определен начин, со вкрстување на зборови хоризонтално и вертикално треба да се пополнат сите полиња. Решив неколку крстозборки.

крстома | прил.

крстоносен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на крстоносец. Крстоносен поход. Крстоносна војна.

крстоносец | м.

Учесник во крстоносните војни што ги воделе европските феудалци од XI до XIII век под знакот на крстот за освојување на Ерусалим.

крстопат | м.

Место каде што се вкрстуваат два или повеќе патишта; распаќе, раскрсница.