круп | м.
Заразна болест на грлото. Неговиот син умрел од круп.
крупен | прид.
Што има голем обем; што има големи димензии. Тој е крупен човек. Крупен компир.
крупнина | ж.
Големина. Крупнината на зрното.
крут | прид.
Што е тврд, што не го менува лесно својот облик; што не се витка, нееластичен; мек. Крута хартија. Крут материјал.
круцијален | прид.
Што е основа на нешто, најважен, суштински. Круцијална задача. Круцијално прашање. Круцијален период.
круша | ж.
Листопадно овошно растение со вкусни плодови малку конусно издолжени. Во Македонија има питоми и диви круши. Седнав под крушата.
крушар | м.
Тој што продава круши.
крушарник | м.
Овоштарник, место со круши.
крушев | прид.
Крушево | ср.
Град во Македонија.