крушест | прид.

Што има облик на круша.

крушец | м.

Зрно крупна немелена готварска сол;

крушка | ж.

круша_2

крушков | прид.

крушов | прид.

Што е од круша; што припаѓа на круша. Пиел крушова ракија. Крушово дрво.

крушовиден | прид.

Што има облик на круша (плодот). Семка со крушовидна форма.

крушовица | ж.

Ракија од круши. Оваа година тој има најдобра крушовица.

Крф | м.

Грчки остров и град во Јонското Море.