круговит | прид.
Што има облик на круг. Неговата глава добиваше ту издолжен ту круговит облик.
кругол | прид.
Што има облик на круг, што е како круг. Кругли плочки. Кругла дупка.
кружен | прид.
Што му припаѓа на круг. Кружна отсечка. Кружен лак.
кружи | несв.
Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто. Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки. Над бојното поле кружеа авиони.
кружница | ж.
Затворена крива црта чиишто точки се подеднакво оддалечени од средината (центарот). Нацртај кружница со радиус од 5 см.
кружок | м.
Група луѓе поврзани меѓу себе со некаква врска (најчесто општествена). Лингвистички кружок. Литературен кружок. Научен кружок.
круна | м.
Златен венец или вид капа со скапоцени украси за монарх како симбол на власт и на достоинство. Кралска круна. Царска круна.
крунест | прид.
Што има форма, облик на круна.
круниса | св.
Стави круна на глава при стапување на престол како симбол на владетелска моќ. Го крунисаа за крал.
круница | ж.