крушов | прид.
Што е од круша; што припаѓа на круша. Пиел крушова ракија. Крушово дрво.
крушовиден | прид.
Што има облик на круша (плодот). Семка со крушовидна форма.
крушовица | ж.
Ракија од круши. Оваа година тој има најдобра крушовица.
Крф | м.
Грчки остров и град во Јонското Море.
крц! | изв.
За подражавање звук од кршење или чкрипење. Вратата прави крц!
крца | несв.
крцка | несв.
Издава куси остри звуци; чкрипи, чкрта. Креветот крцка. Старата кола крцкаше. Крцка со забите.
крцкав | прид.
Што произведува крцкање; што чкрипи. Крцкави скалила. Крцкав кревет. Се обиде со крцкави заби да ја прегризе таа нишка.
крцкот | м.
Карактеристичен звук што се слуша при крцкање; Од крцкотот на вратите не можеше да заспие. Се слуша крцкот на ореви.
крцкоти | несв.