крчи 2 | несв.

грчи2.

крчма | ж.

Гостилница од понизок ред. Селска крчма. Младите седеа по крчмите или приредуваа вечеринки кај своите врсници.

крчмар | м.

Сопственик на крчма. Крчмарот ги наполни уште еднаш чашите.

крчмарев | прид.

Што му припаѓа на крчмар, што се однесува на крчмар. Крчмарева куќа.

крчмарица | ж.

Жена крчмар; сопственичка на крчма. Тој одвај чекаше да ја запознае крчмарицата. Крчмарицата добро си ја водеше крчмата.

крчми | несв.

Продава на мало. Немој да ги крчмиш бурињата.

крш | м.

Остатоци, парчиња од тоа што е скршено, разурнато. На плоштадот остана крш.

кршеглавечки | прил.

Со главата надолу, со превртување преку глава. Паѓаше кршеглавечки.

кршен | прид.

Што е скршен, што не е цел. Кршени ореви. Дај од кршениот леб.