крштелник | м.

кршталник.

крштелница | ж.

Документ со податоци за крштавањето што го издава црквата, извод од црковната книга на крстените.

крштеник | м.

Тој што е крстен, што минал низ обредот на крштевање.

кршјак | м.

Млад зајак. Исплашени кршјаци се истркалаа по удолницата.

крџалија | м.

Турски војници оддадени на грабеж и насилство. Дојденците во Битола се плашеа од разни банди, од крџалии и од башибозуци.

ксилограф | м.

Гравер на дрво, специјалист за правање фигури и слики во дрво; резбар.

ксилографија | ж.

Резбарство.

ксилофон | м.

Музички инструмент што се состои од дрвени плочки на кои се удира со дрвени удиралки.