ктитор | м.
Основач, заштитник, дарител на црква или манастир. Тој е ктитор на манастирот.
куб | м.
а) Геометриско тело омеѓено со шест квадрати; б) Предмет во таква форма. в) Трет степен на некој број.
Куба | ж.
Остовска држава во Карипското Море, Средна Америка.
кубатора | ж.
Обем на нешто изразено во кубни метри. Кубатура на собата. Воздушна кубатура.
кубе | ср.
Свод во облик на полутопка (особено на црквите); купола. Кубиња на катедрала. Кубето на црквата е позлатено.
кубе | несв.
Вади од корен (од основата) нешто (влакно, пердув и сл.) Таа ги кубеше белите влакна. Тој ја кубеше тревата. Старата ја кубеше закланата кокошка.
кубелија | прид.
Што има облик на кубе; што личи на кубе.
кубен | прид.
Што се однесува на куб. Кубен метар. Кубен корен.
кубест | прид.
Што е како кубе, што има облик на кубе. Кубест покрив. Големи височини со кубести врвови.
кубизам | м.
Правец во сликарството кој ги сведува човечките ликови и предметите во природата на основните геометриски облици (квадрат, круг, коцка и др.) како апстракција на природните облици.