кувче | ср.
Горна машка облека од сукно, без ракави. Тој си го облече своето селско кувче.
кугла | ж.
Спортски реквизит во вид на топка, од различен материјал, кој служи во атлетиката за натпревари во фрлање, а во куглањето за туркање на кеглите.
кугла се | несв.
Се натпреварува во куглање.
куглана | ж.
куглар | м.
Тој што учествува во спортската игра куглање. Кугларите од нашиот град освоија три златни медали.
кугларница | ж.
Место со посебно уредена патека каде што се одвива куглањето. Во скопската кугларница се одржуваат натпревари во куглање.
куглач | м.
куглање | ср.
Игра во која играчите од определена оддалеченост туркаат кегли, а победува тој што ќе турне повеќе.
кудач | м.
Тој што куди, што напаѓа некого со зборови. Овде има многу кудачи.
куди | несв.
Напаѓа некого со зборови, наоѓа мани, недостатоци, приговара. Тој го кудеше својот брат.