кужељ | м.

Оронет пченкарен клас.

кузум | прид.

прид. Мила, драга. Невесто, кузум убава.

кука | ж.

Железна, дрвена или пластична прачка, свиткана на едниот или на двата краја што служи за обесување. Низите од тутун се обесуваат со куки.

кука | несв.

За кукавица – испушта глас што се прима како ку-ку/куку. Кукавицата кука.

кукавица | ж.

Птица преселница која обично не свива свое гнездо, туку ги остава јајцата во туѓо гнездо; Cuculus canorus. Во шумата прелета една кукавица.

кукавичин | прид.

Што припаѓа, што се однесува на кукавица. Кукавичини јајца.

кукавички | прид.

Што се однесува, што ѝ припаѓа на птицата кукавица.

кукавичлук | м.

Својство на тој што е кукавица 3; плашливост. Тој покажа голем кукавичлук.