кукалест | прид.
Што наликува на кукалка, што има облик на кукалка. Тој имаше кукалест нос.
кукали се | несв.
Се ведне, се подгрбавува. Стрина ми се кукалеше ничкосана.
кукалка | ж.
кукачка 1 | ж.
кукачка 2 | ж.
Лен или сено сложено на купче.
кукест | прид.
Што има облик на кука. Кукест крст.
кукла | ж.
а) Фигура (обично женска) на човек што служи како детска играчка. Куклата спие. Девојчињата си играат со кукли. б) Фигура на човек или само на труп што служи за излагање облека или како кројачки модел. Во излогот стои женска кукла.
куклар | м.
Тој што прави, што продава кукли.
куклен | прид.
Во кој учествуваат кукли, што се однесува на кукла. Куклен театар. Куклена претстава.
куклест | прид.
Што е како кукла; убав. Куклесто лице.