кукли се | несв.
За инсекти – се претвора, се преобразува во кукла; го поминува развојниот стадиум на кукла.
кукне | св.
За кукавица – се огласи, испушти звук само еднаш. Кукавицата кукна во шумата.
куков | прид.
Само во изразите: на куков ден, на куково лето со значење: никогаш нема да се случи тоа, никогаш нема да биде.
куку! | изв.
За подражавање на гласот на кукавица. Ја стави раката на устата и закука: Куку-куку!
кукуда | ж.
Дрвена направа во форма на луле од ореово дрво со која се чука на тапан со десната рака.
кукул | м.
Качулка. Избра едно евтино палто и една пелерина со кукул.
кукумјавка | ж.
(зоол.) Ноќна птица (за која се верува дека со гласот предвидува, претскажува несреќа); Athene noctua indigena. Некаде жално крикна кукумјавка и сè се смири.
кукумјавчи | несв.
Претскажува несреќа, коби. Тие само кукумјавчат.
кукурек 1 | м.
Многугодишно растение со длановидни и расечени лисја до основата, со крупни светлозелени цветови, весник на пролетта; Helleborus odorus. Од под земјата се подаваше кукурек, гороцвеќе.
кукурек 2 | м.
Вид јадење од плетени јагнешки црева.