култен | прид.

Што се однесува на култ;

култиватор | м.

Земјоделска машина за површинска обработка на земјата. Летните обработки на земјата се вршат со култиватори.

култивира | св. и несв.

Одгледа, одгледува, однегува, негува, приспособи, приспособува (растение, земјиште и др.).

култора | ж.

а) Севкупност на духовни и материјални вредности на човештвото. Духовна култура. Матријална култура. б) Степен и специфичности на развојот во духовната и материјалната сфера во определена епоха или на еден народ. Древни култури. Средновековна култура. Византиска култура. Национална култура.

културен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на културата. Културен напредок. Културен центар.

културолог | м.

Лице што се занимава со културологија.

културологија | ж.

Наука што ја проучува културата, одделните култури и нивните односи.

културтрегер | м.

Лице што се смета за носител на култура.

кулук | м.

(истор.) Вид данок; работна обврска на селаните кон феудалниот господар или спахија. Тој собира луѓе за кулук.

кулукува | несв.

Работи кулук; одработува данок без надомест; кулук 2. (прен.) Работи тешка работа.