кулестра | ж.
кулинарски | прид.
Што се однесува на кулинар и на кулинарство. Кулинарски специјалитет. Кулинарски вештини.
кулинарство | ср.
Вештина за готвење храна.
кулиса | ж.
Составен дел од декорот на театарска сцена, подвижен насликан ѕид или друг елемент.
кулисен | прид.
Што се однесува на кулиси.
кулминационен | прид.
Што достигнува највисок степен;
кулминација | ж.
(астр.) Премин на небесно тело низ меридијанот на дадено место од Земјата.
кулминира | св. и несв.
Се најде, се наоѓа на врвот во развојот. Настаните кулминираа на крајот на денот.
кулоар | м.
Ходник (во парламент).
култ | м.
Религиозна почит изразена со обреди. Култот кон боговите се урна.