кулучар | м.
Тој што кулукува; тој што работи на кулук. Сите селани од околината се кулучари.
кум | м.
Сведок при венчавање или склучување граѓански брак. Кумот ни донесе голем подарок за нашата свадба.
кума | ж.
Сопруга на кумот.
Куманово | ср.
Град во Македонија.
кумарина | ж.
Лековита билка;
кумаш | м.
Вид свилена ткаенина, свилено платно, атлаз. Носеше кафтани од срмен кумаш.
кумашен | прид.
Што е од кумаш. Кумашни кафтани.
кумашин | м.
кум_1
кумашинка | ж.
кума.
кумашинче | ср.
дем. од кумашин.