Камчатка | ж.

Полуостров во Русија.

камче | ср.

камчиште | ср.

Аугументатив од камен.

камшик | м.

Направа од впреден коноп или кожа, прицврстен за дршка што служи за бичување, за терање добиток и сл. Пајтонџијата пукна со камшикот. Тој замавна со камшикот и го удри по плеќите.

камшикува | несв.

Мава, удира со камшик. Го навредуваа и камшикуваа секој што ќе им се спротивставеше.

камшиче | ср.

Долги, кончести, еластични и подвижни израстоци што служат за движење (на клетки, бактерии и сл.).

кана 1 | ж.

покана.

кана 2 | ж.

Сад за вода или вино, во форма на голема чаша со дршка и мал отвор. Кана на сребрен послужавник.

кана 3 | ж.

(бот.) Вид тропско украсно растение; Canna indica.