куми | несв.

Моли некого, преколнува. Ме молеше и кумеше. Си го кумел со бога да ти излезе од куќата.

кумилира | св. и несв.

Трупа, натрупа; собере, насобере. Тој кумулираше голема енергија во себе.

кумин | прид.

Што ѝ припаѓа на кумата.

кумир | м.

Кип на кој многубошците му се поклонуваат како на божество, идол; фетиш.

кумов | прид.

Што му припаѓа на кумот. Кумовиот подарок беше најубав. Сега јас ќе го играм кумовото оро.

кумство | ср.

Кумовски однос меѓу кумот и семејството на кое кумувал при крштавање и венчавање. Кумството е света работа за христијаните.

кумува | несв.

Учествува на венчавка или крштевање како кум. Тој ќе кумува на нашата свадба.